Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис.
Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот. Низ разговори со спортски шампиони и бизнисмени милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот, успешни на секое поле и да достигнеме величие кое не го достигнува баш секој. И сфаќа дека овие великани не се успешни затоа што им се насмеала среќата во животот или едноставно се родени исклучително талентирани, туку имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот.
Школа за извонредност е водич за личен развој кој ви дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал. Лекциите на Хаус докажуваат дека секој е способен за постигнување исклучителен успех и дека сите можеме да се стремиме кон извонредност во нашите секојдневни животи.
Школа за извонредност
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Луис Хаус
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
336 ден
-
- 1 или повеќе 336 ден
Слични продукти
Будење на свеста
„Будење на свеста“ е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична..
320 ден 400 ден
Осум состаноци
Среќните парови не се разликуваат многу од несреќните; тие се само способни полесно да го решат пред..
360 ден 450 ден
И за тоа ме заболе: еб*на магија што го менува животот
Дали сте анксиозни, растргнати на сто страни и незадоволни од животот? Ви пречи што не можете да пос..
323 ден 430 ден
Креативност во работа со деца
„Креативност во работа со деца“ не е само практичен прирачник, туку и покана да станеш сојузник во д..
520 ден 650 ден
Ознаки: skola za izvonrednost, luis haus

