Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.
Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?
Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…
Убиецот со распетието
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Крис Картер
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
Само Бог простува
#3 инспекторот Виктор НиколовДекември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишнио..
300 ден 400 ден
Златната топка и други раскази
Дали се работи за гест на добра волја или, пак, злобна замка што го намамува Руперт Сент Винсент и н..
285 ден 380 ден
Мистериозниот случај во Стајлс
Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт,..
285 ден 380 ден
Знам една тајна
Во овој роман, Џејн Рицоли и Мора Ајлс како главни протагонистки, се соочуваат со грозна сцена на уб..
368 ден 490 ден
Ознаки: ubiecot so raspetieto, kris karter

