Брилијантна и неизвесна приказна за мрачната страна на друштвените медиуми. Книгата ќе те натера да се запрашаш дали си објавил нешто за што можеби ќе зажалиш.
Полицијата дознава за злосторството на ист начин како и сите други: преку „Снепчет“. На видеото е прикажана преплашена млада девојка што моли за прошка. Кога е пронајдено нејзиното тело, тоа е обележано со бројот 2.
Детективот Хулдар се приклучува кон истрагата, доведувајќи ја во тимот детската психологинка Фреја за да помогне при испрашувањето на пријателите на убиената тинејџерка. Наскоро ќе дознаат дека Стела била далеку од оној ангел како што сите ја опишуваат, но кој би можел да ја мрази толку многу за да ја убие?
Потоа, исчезнува уште еден тинејџер, нови видеа се испратени по друштвените мрежи и се појавува тело со бројот 3. Вистината е далеку од едноставна. Фреја и Хулдар се согласуваат за најмалку две нешта: убиецот сè уште не завршил. И, дали некаде постои неоткриено тело обележано со бројот 1?
Слични продукти
Пајак
Пред три години Сага Бауер добила заканувачка разгледница ПАЈАК, со опис на пиштолот и девет бели ку..
590 ден
Без здив
Во зоната на смртта, кога мозокот е гладен за кислород, не може да им се верува ниту на сопствените ..
520 ден
Детето што молчеше
Малото момче Ајден, залута далеку од училиште за време на страшна поплава во малото гратче Бишоптаун..
459 ден
Ловец на очи
Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. И им ги вади очните капаци на ..
590 ден
Ознаки: osloboduvanje, irsa sigurdardotir
