Тед Макеј има се: прекрасна сопруга, две ќерки и добро платена работа. Но, откако ќе открие дека има терминален тумор на мозокот, си става пиштол на главата, подготвен да го повлече чкрапалото. И тогаш некој му заsвонува на вратата.
Туѓинецот на прагот му предлага: зошто да не убие двајца луѓе кои заслужиле да умрат? Првата цел е криминалец, а втората е маж со неизлечлив рак, кој исто како Тед, сака да умре. По извршувањето на овие убиства, Тед би станал нечија друга цел – како дел од самоубиствен ѓердан. И тој ја сфаќа логиката на непознатиот: за семејството на жртвата полесно ќе биде да се справи со убиството, отколку со самоубиството.
И сепак, додека ги извршува убиствата, местата на злосторствата му се некако чудни на Тед. Целите му го знаат името и поседуваат семејни споменари. Што е уште почудно, Тед ги препознава куќите кои не би требало воопшто да ги знае. И … како неговиот ум почнува да распукува, така сите мрачни тајни од неговото минато почнуваат да капат низ пукнатините.
Мистерија
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Федерико Аксат
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Досие : Љубов
Маја има сѐ, пари со кои може да си дозволи монденски забави, патувања низ светските метрополи, јахт..
224 ден 320 ден
Прифатлив ризик
Сара Денинг е воена новинарка во армијата на САД на Блискиот Исток. Нејзиниот конвој е нападнат и та..
315 ден 450 ден
Умри за мене
Кетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност ..
360 ден 450 ден
Ознаки: misterija, federiko aksat
