Во април 1942 година, Лале Соколов како словачки Евреин, е депортиран во комплексот на концентрациони логори Аушвиц-Биркенау.

Откако неговите заробувачи ќе откријат дека Лале зборува неколку јазици, тој ќе биде ангажиран да работи како Тетовирач, а со тоа ќе остави доживотен белег во судбините на луѓето.

По две и пол години поминати во Аушвиц, Лале е сведок на ужасни злосторства, но исто така и на неверојатните акти на храброст и сочувство. Ризикувајќи го својот живот, тој ќе ја искористи својата привилегирана позиција за размена на накит и пари од убиените Евреи за да купи храна и да им помогне на затворениците да преживеат.

Еден ден во јули 1942 година, затвореничката со број 32407 му ја менува судбината на Лале. Тој е цврсто решен дека некако ќе го преживее логорот и дека еден ден ќе се ожени со неа.

„Тетовирачот од Аушвиц“ е живописно и стравично сведоштво за издржливоста на љубовта и човештвото во најмрачните можни услови.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тетовирачот од Аушвиц

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Хедер Морис
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 338 ден

Слични продукти

Семејни врски

Нариман Вакил, пензиониран професор, ќе биде принуден поради здравствени проблеми да живее со семејс..

Автор:

315 ден 450 ден

Последното уметничко дело

Последното дело на светски познатата уметница Хана Стилтје на прв поглед не е импресивно. Кога ќе го..

Автор:

375 ден 500 ден

Печуркарката

Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои..

Автор:

245 ден 350 ден

Уметноста на соблекувањето

“Во оваа пикантна драма за готвење, стриптиз и семејни вредности, Леман покажува дека љубовта ги поб..

Автор:

349 ден 499 ден

Ознаки: tetoviracot od ausvic, heder moris