Во нашиот век дури ни на пристојните луѓе не им се простуваат толку лесно прегратките и солзите на покајување...
„Вечниот маж“ во западната книжевна критика се смета за најдобро структуриран роман на Достоевски. Неговиот заплет се гради околу сложената врска меѓу двајца мажи, чии животи се испреплетуваат околу една жена – на едниот му е сопруга, а на другиот љубовница.
Кога останува сам, Трусоцки е принуден да се соочи со последиците од своите постапки и нивното влијание врз другите животи, а најмногу врз несреќната судбина на неговата ќерка.
Истражувајќи ја темата на вина и одговорност, како и природата на љубовните и меѓучовечките односи, „Вечниот маж“ се одликува со сложени ликови и длабоко проникнува во човековата психа, поради што е една од ненадминатите класики на руската книжевност.
Забранувани или цензурирани во минатото, денес делата на големиот Достоевски се преведени на десетици јазици, што го прави еден од најчитаните автори на сите времиња и го вбројува меѓу најзначајните филозофи и психолози во уметничката литература.
Вечниот маж
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Фјодор М. Достоевски
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
240 ден
-
- 1 или повеќе 240 ден
Слични продукти
Страдањата на младиот Вертер
Вертер е чувствителен млад човек, кој се преселува во мало гратче каде што ја запознава и се заљубув..
225 ден 300 ден
Божествена комедија
Божествена комедија е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновек..
360 ден 450 ден
Понижени и навредени
Во што е разликата помеѓу љубовта и жртвувањето? Каде е границата помеѓу чувството на достоинст..
450 ден 600 ден
Снеговите на Килиманџаро и други приказни
„И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или в..
240 ден 300 ден
Ознаки: vecniot maz, fjodor dostoevski
