Несреќата е заразна болест. Несреќните и сиромашните треба да се избегнуваат меѓусебно, за да не се заразат уште повеќе...
„Бедни луѓе“ е првиот роман на Достоевски. Тој е и првиот роман во историјата на книжевноста во кој малиот човек зборува за самиот себе.
Преписка на двајца површни и длабоко несреќни луѓе во која Достоевски толку маестрално ги доближува ликовите што читателот заедно со нив живее, љуби, се колеба, тагува, страда... и ретко се радува.
Со овој роман Достоевски нуди ново значење на зборот „бедни“. Токму во него тој за првпат ги поставува прашањата за нерамноправноста и страдањата. Прашања што уште долго го мачат и за кои доживотно пишува. Студија за тагата на душите и за проклетството на големите писатели да ја впиваат сета човечка болка, особено онаа на најголемите несреќници. Тага која може да биде ублажена само со добрината на душата.
Слични продукти
Злосторство и казна
„Злосторство и казна“ е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи и на социјален, криминалис..
450 ден
Коцкар
Дури и насон ја гледам играта, но имам некое чудно чувство дека сум се вкочанил, дека сум потонал во..
300 ден
Прекрасен нов свет
Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат не..
300 ден
Нов живот
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
420 ден
Ознаки: bedni lugje, fjodor dostoevski
