Дури и насон ја гледам играта, но имам некое чудно чувство дека сум се вкочанил, дека сум потонал во жива кал од која тешко се извлекувам…
„Коцкар“ е еден од најуспешните психолошки портрети во светската книжевност. Длабок роман за мрачните човечки страсти претставени во ликот на Алексеј Иванович, млад учител во семејството на стар руски генерал. Обидувајќи се да се пробие во воспоставениот поредок, тој пропаѓа во бескрајната надолна спирала на обложување и загуба. Ниту тивкиот глас на разумот ниту врската со заводливата внука на генералот не можат да ја совладаат неговата жестока зависност.
„Коцкар“ има исклучително место во творештвото на Достоевски. Иако идејата за него наводно созревала цели три години, ја издиктирал речиси во еден здив, за само 27 дена. Тоа е приказна за пеколот на казината, кој самиот писател длабоко го доживеал, за демоните што го обземаат човекот, за слепилото од зависноста од коцкање.
Еден од најдобрите романи во светската класика, кој никогаш не изгубил од својата актуелност.
Слични продукти
Божествена комедија
Божествена комедија е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновек..
450 ден
Неточка Незванова
Со мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскриш..
350 ден
Нов живот
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
420 ден
Снеговите на Килиманџаро и други приказни
„И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или в..
300 ден
Ознаки: kockar, fjodor dostoevski
