Со мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскришните мисли на девојчето кое неусетно се претвора во девојка.

Во форма на лична исповед, приказната ни ги открива премрежјата на Неточка Незванова. Од најмала возраст таа е принудена да ја запознае сиромаштијата, да ја поднесе смртта на мајка си и да биде напуштена од татко си. Нејзиното детство го минува во сенката на очувот Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј и кој на чуден начин ја привлекува. Но од овој пијаница не може да се очекува друго освен да ја искористи и да ја доведе до пропаст. Кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блескавото општество.

Почетокот на единствениот незавршен роман на Достоевски е објавен пред да биде уапсен и депортиран во Сибир под сомнеж за револуционерни активности. По десет години минати таму, и по враќањето во Санкт Петербург, не продолжува со работата над овој важен текст во кој ги прикажува страдањето, осаменоста, лудилото и гревовите кои не одминуваат никого. Романот ги содржи темите кои доминираат и во подоцнежните дела на рускиот класик. Раскажувајќи ни ја приказната за една фамилија и настаните поврзани околу истата преку ликот на малата Неточка: преселбата од Санкт Петербург во Москва во куќата на Александра Михајловна, едно неочекувано убиство, необичното пријателство со кнегинката Катја, смртта на нејзиниот очув, како и откривањето на тајно писмо, Достоевски во својот недовршен роман Неточка Незванова ја акцентира темата на страдањето на децата, интересите и предизвиците при нивното соочување со општеството во кое живеат.

Неточка Незванова раскажува за своето детство во сенката на очувот, Ефимов, пропаднат музичар кој смета дека е занемарен гениј. Младата девојка на чуден начин ја привлекува овој пропаднат пијаница, кој ја искористува и го доведува семејството во крајна сиромаштија. Но кога ќе биде спасена од страна на една аристократска фамилија, деликатната психа на злоставената Неточка се одлучува од остане аутсајдер – осамен набљудувач на блексавото општество. Со приказот на страдањето, самотијата, лудилото и гревовите што ги погодуваат и богатите и сиромашните, ги содржи темите кои доминираат и во неговите подоцнежни романи...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Неточка Незванова

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Фјодор М. Достоевски
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Браќата Карамазови

„Браќата Карамазови“, последното и најдоброто дело на Фјодор М. Достоевски, е едно од врвните достиг..

Автор:

563 ден 750 ден

Белата тврдина

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..

Автор:

270 ден 360 ден

Записи од подземјето

Два по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?Најреволуционерната книга на До..

Автор:

188 ден 250 ден

Театарски роман

Театарски роман прави мошне прецизна и остра сатира на руското општество меѓу двете светски војни, п..

Автор:

176 ден 252 ден

Ознаки: netocka nezvanova, fjodor dostoevski