Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат нејзините пророштва. A Хаксли во своето животно ремек-дело добро предвидел дека укинувањето на духовните науки и вредности за сметка на материјалните ќе го смени животот од корен.
Дали ни се заканува свет составен од бесчувствени луѓе кои личат на машини и се грижат само за социјалната стабилност и опстанокот? Во футуристичкиот свет на Хаксли луѓето се создаваат во лаборатории, секој со однапред предодредена функција и класа. А изолирано од нив живеат нормалните, преостанатите дивјаци. Кога прекрасните нови луѓе ќе дојдат во допир со еден дивјак, започнува вистинското соочување со стварноста. Дистописката визија на Хаксли нè соочува со заканите пред кои е исправено човештвото, со надеж дека ќе нè освести пред нивната можна опасност.
Слични продукти
Бели ноќи, Слабо срце, Кротка
Три раскази кои се сметаат за едни од најдобрите на Фјодор М. Достоевски!„Бели ноќи“ (1848)Млад маж ..
350 ден
Злосторство и казна
„Злосторство и казна“ е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи и на социјален, криминалис..
450 ден
Подвижна гозба
„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе ос..
300 ден
Нов живот
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
420 ден
Ознаки: prekrasen nov svet, oldos haksli
