Два по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?
Најреволуционерната книга на Достоевски, еден од првите егзистенцијалистички романи во историјата на светската литература. Четиво што го означува преминот на книжевноста од XIX во XX век, приказна за визиите на поединците што ги уништува општеството.
„Записи од подземјето“ ни ги нуди белешките на еден гневен, изолиран човек, поранешен чиновник кој се повлекува од светот во своето мрачно и тесно живеалиште. Во него содејствуваат два спротивставени комплекса – инфериорност и супериорност. Зашто иако е социјално отфрлен и сиромашен, во духовен и интелектуален поглед тој стои над другите. Проникнати со сурова искреност и горчлив презир, неговите записи се бунтовен напад на социјалниот утопизам и потврда на ирационалната човекова природа.
Блескаво решение на проблемот на постоењето, филозофска книга за животот каква што само Достоевски може да создаде. Едно од неговите најдлабоки дела.
Слични продукти
Белата тврдина
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
360 ден
Нов живот
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
420 ден
Странецот
Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.Едно утро Мерсо добива телеграма со из..
250 ден
Дарба
Романот Дарба е последниот роман на Владимир Набоков на руски јазик и претставува круна на оваа..
315 ден
Ознаки: zapisi od podzemjeto, fjodor dostoevski
