„Ако сте имале среќа во младоста да живеете во Париз, подоцна каде и да ве однесе животот, тој ќе остане во вас, бидејќи Париз е подвижна гозба.“
Во овие мемоари – објавени постхумно, во 1964 година − Хемингвеј се навраќа кон своето помладо јас, во времето кога бил непознат писател кој секојдневно талкал низ париските ателјеа, музеи и кафулиња, обидувајќи се да се пронајде како писател. Главните ликови што се провлекуваат низ овие дваесет приказни се денес култните имиња на уметноста и културата на раниот XX век: Френсис Скот Фицџералд и неговата сопруга Зелда, Силвија Биџ и книжарницата „Шекспир енд компани“, незгодната Гертруда Стајн, благородниот Езра Паунд, вечно пијаниот Жил Паскин, Форд Медокс Форд, Џејмс Џојс и ред други.
Книгата „Подвижна гозба“ е еден од најпознатите и најомилените прикази за Париз во дваесеттите години на минатиот век – темел за низа други дела, каков што е филмот „Полноќ во Париз“ од Вуди Ален.
Подвижна гозба
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Ернест Хемингвеј
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
240 ден
-
- 1 или повеќе 240 ден
Слични продукти
За кого бијат камбаните
„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и..
440 ден 550 ден
Снеговите на Килиманџаро и други приказни
„И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или в..
240 ден 300 ден
Ознаки: podvizna gozba, ernest hemingvej
