Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“. Тоа се раскази посветени и на сите дечиња што потонале во осаменоста на „снежните виулици“, таканаречени аутизам. Психолошки и фиктивни приказни за реалноста на животот на семејствата што имаат дете со аутизам, а кои најчесто се борат сами и осамено, без помош од никого.
Детето во снегот е обид на авторката да ги прикаже борбите на овие семејства и дечиња, но и да привлече внимание и интерес кон нив за да бидат прифатени и разбрани. Вториот дел од оваа книга содржи лични сведоштва од родители на деца со аутизам, кои сакаат да ги споделат своите искуства и борбата за да ги охрабрат другите родители што се соочуваат со аутизам кај дете и да им покажат дека не се сами во таа борба; а оние неупатените, кои не знаат ништо за аутизмот, да ги запознаат со предизвиците со кои се соочуваат овие семејства.
Детето во снегот
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Емилија Златкова Анастасова
- Достапност: На залиха
- 200 ден
-
140 ден
-
- 1 или повеќе 140 ден
Слични продукти
Смртта и пингвинот
Младиот писател Виктор е очаен затоа што никако не може да ги објави своите раскази и запаѓа во сè п..
315 ден 450 ден
Шинела и други раскази
Прозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на ..
300 ден 400 ден
Толку долго патување
Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство..
245 ден 350 ден
Мала книга за Мерилин
Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да..
400 ден 500 ден
