Ема Донахју, инаку неверојатен пишувач на историски романи, овој роман го посветува на девојките и девојчињата кои се изгладнувале до смрт во името на Бога. Во минатото, особено во Ирска, на некој начин биле во „мода“  ваквите „анорексични светици“. Иако се случувало под закрила на Бога, а и во средина на XIX век, сепак сета дилема, иронија и едноставната причина за самоконтрола читателот може да ја поврзе со денешните адолесценти.

Ова е неверојатна приказна за 11 годишната Ана О`Донел која живее во ирското селце во близина на Атлон. Таа веќе 4 месеци живее без храна, и тврди дека се наситува со „Манна од небото“.  Девојчето-чудо за жителите од селото станува центар на внимание, поголемиот дел од нив ја сметаат за светица, но сакаат да бидат сигурни дека не се измамени.

Медицинската сестра од редот на Флоренс Најтенгејл, Либ Рајт пристига во селцето во сезоната на глад.  Како што одминува периодот, тензијата на исчекувањето станува неподнослива. Либи инаку не ги поднесува Ирците , а ни честата појава малолетни девојчиња да се изгладнуваат под закрилата на религијата. Таа постојано се бори со сопствениот антагонизам кон католичката религија и нејзините морални принципи како искусна негувателка. Сепак детето е дете. При нејзиното набљудување на девојчето, таа не забележува никаква измама, но мистеријата се зголемува како што ова девојче преживува...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Чудото

  • Издавачка куќа: Полица
  • Автор: Ема Донахју
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 245 ден


  • 1 или повеќе 245 ден

Слични продукти

Бунтовници

Еден избор може да те трансформира или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во ..

Автор:

315 ден 450 ден

Невидливите

На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само ед..

Автор:

259 ден 370 ден

Клара и сонцето

Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишиг..

Автор:

400 ден 500 ден

Цел живот

Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напу..

Автор:

182 ден 260 ден

Ознаки: cudoto, ema donahju