Од четири извонредни и успешни Французинки – конечно – свеж и смел поглед на тоа што значи да се биде парижанка: како се облекуваат, како се забавуваат, како се однесуваат.

Во кратки, шеговити делови, овие парижанки ви го претставуваат нивниот оригинален поглед на стилот, културата, однесувањето и мажите. Авторките – Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре и Софи Мас – немажени, кои имаат врска, имаат деца, се пријателки со години. Овие талентирани боемски иконоборци, со кариери во светот на музиката, филмот, модата и издаваштвото, се невообичаено искрени и без влакна на јазикот ги разголуваат митовите за тоа што значи да си Французинка денес. Тие ви допуштаат да влезете во нивните тајни и мани, и се шегуваат за нивните комплицирани, често контрадикторни чувства и однесување. Признаваат дека се снобови, по малку егоцентрични, непредвидливи, но не и непостојани. Сакаат да шефуваат и се самоуверени, но истовремено се нежни и романтични.

Ќе ве одведат на прв состанок, на забава, ќе поминете низ мамурлак, ќе одите на некои од омилените „свратилишта“ во Париз, на село, и на една од нивните вечери со совети за готвење што ќе ги прелажат гостите дека тоа било лесно. Излегувањето со нив носи неволји и изненадувања. Ќе ви кажат како да бидете мистериозни и сензуални, како да изгледате природно, како да го направите вашиот партнер љубоморен и што мислат за деца, брак и за фитнес. И ќе споделат со вас адреси од места во Париз што треба да ги посетите: пред да заврши ноќта, за роденден, за елегантен состанок, за вредни старински работи и уште многу повеќе.

Како да бидеш парижанка, каде и да си ќе ве насмее и читајќи ја, полека и вие ќе станете парижанки, похрабри, послободни и кул.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Како да бидеш парижанка, каде и да си

  • Издавачка куќа: Полица
  • Автор: Ан Берест, Одри Диван, Каролин де Мегре, Софи Мас
  • Достапност: На залиха
  • 700 ден
  • 490 ден


  • 1 или повеќе 490 ден

Слични продукти

Нека играат децата

„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..

Автор:

225 ден 300 ден

Избрани драми

Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен то..

Автор:

350 ден 500 ден

Сенките на љубовта

Сенките на љубовта е роман за најдлабоките пориви што ги привлекуваат мажот и жената еден кон друг, ..

Автор:

210 ден 300 ден

Порој од пепел

"И по оваа војна сме живи.Да го обновиме тлото повтормораме ние – смртници диви,да го уништиме секој..

Автор:

105 ден 150 ден

Ознаки: kako da bides parizanka kade i da si