Ова е опседнувачката, вистинска приказна на Кристијане Вера Ф. ‒ ќерка, сестра, ученичка и вообичаена бунтовнички настроена тинејџерка од седумдесеттите години во Берлин. Како и многумина млади луѓе во различни времиња и на различна возраст, Кристијане сака да се вклопи и да се докаже себеси откако нејзиното семејство за првпат се доселува во градот. Таа очајнички сака да ги носи вистинските алишта, да ја слуша вистинската музика и да се дружи со децата што се кул. Иако, најмногу од сè, таа сака да најде начин да се справи со нејзиниот насилен татко кој е алкохоличар и да најде начин да се вклопи во новото училиште.
Приказната на Кристијане има огромно влијание врз германската култура до ден денешен. Локациите како што се станицата на подземната железница кај зоолошката градина, зградите во Гропиусштад, дури и одредени јавни тоалети, сите се здобиле со дел од озлогласеноста и популарноста.
Книгата на Кристијане е задолжително четиво во поголемиот дел од Германија и е преведена на многу други јазици. Кога првпат била издадена во САД во 1980 година (под насловот: Кристијане Ф: Автобиографија на девојче од улица, зависник од хероин), веднаш станала хит меѓу тинејџерите, родителите, па дури и самиот Дејвид Боуви ‒ кој ја напишал музиката за филмската адаптација на романот.
Ние децата од железничката станица "ЗОО"
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Кај Херман, Хорст Рик
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
350 ден
-
- 1 или повеќе 350 ден
Слични продукти
Автопортрет со седум прсти
Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг,..
525 ден 700 ден
Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат
"Кога свињите ќе полетаат" е првата комплетна биографија за групата Пинк Флојд. Ова проширено издани..
560 ден 800 ден
Дождови во мај
Сублимирани емоции со две лажички мед. Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлив..
175 ден 250 ден
Ознаки: nie decata od zeleznickata stanica zoo, kaj herman, horst rik
