Што ако целиот твој свет е лага? Што ако едно единствено откритие или еден единствен избор, промени сè?! Што ако љубовта и лојалноста те натераат да направиш работи што никогаш не си ги очекувал?

Општеството на фракции во кое некогаш веруваше Трис Прајор сега е уништено, раскинато од насилство и борби за моќ и рането од загуба и предавства. Па затоа, кога ќе ѝ се укаже шанса да го истражи светот надвор од границите што ги знае, Трис е подготвена. Можеби зад оградата, таа и Тобијас ќе најдат еден едноставен заеднички живот, ослободен од комплицирани лаги, заплеткани лојалности и болни сеќавања.

Но новата реалност на Трис е уште позагрижувачка од онаа што ја остави зад себе. Старите откритија брзо стануваат безначајни. Експлозивните нови вистини ги менуваат срцата на оние што таа ги сака. И Трис повторно мора да се бори за да ја разбере сложеноста на човечката природа и самата себе – истовремено соочувајќи се со невозможните избори за храброста, преданоста, жртвата и љубовта.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Предани

  • Издавачка куќа: Полица
  • Автор: Вероника Рот
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 315 ден


  • 1 или повеќе 315 ден

Слични продукти

Требаше да си одиш

Во „Требаше да си одиш“ еден млад сценарист, заедно со својата сопруга и со петгодишната ќерка, оди ..

Автор:

154 ден 220 ден

Избрани драми

Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен то..

Автор:

350 ден 500 ден

Чат-пат е добро да се читне некоја книга

Несекојдневно, чудесно, интересно и бескомпромисно – поезија на револуцијата.Самиот наслов зборува о..

Автор:

304 ден 380 ден

Невидливите

На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само ед..

Автор:

259 ден 370 ден

Ознаки: predani, veronika rot