Делото „Лисица“ од првата дама на ексјугословенската книжевност, Дубравка Угрешиќ, е роман, автобиографија, патопис – и многу повеќе од тоа. Авторката на духовит начин се пресметува со современата книжевна сцена и со глобалните трендови, патувајќи, литерарно и физички, од Јапонија преку многу руски класици до американските авантури на Набоков или пак до бесмисленото претставување на книгата во денешниот свет.
Што е книжевноста денес, која е нејзината улога и уште поважно, која е улогата на писателот, дали е тој само кловн што патува низ светот, дали воопшто е возможно сè уште да се раскажуваат приказни, дали е возможно само така да се создаде роман и да се измисли приказна, како и кој има контрола над текстот, авторот или самата приказна – сите овие прашања ги поставува „Лисица“.
Без нималку патетика, преполна со фин хумор, со суптилна иронија, со книжевни и теориски референции, „Лисица“ е посвета на писателите и на пишувањето, на оние важните, неодминливите, на оние чии приказни го менуваат читателот. Такви приказни може да создаде само исклучителен раскажувач, а таква раскажувачка без сомнение е токму Дубравка Угрешиќ.
Лисица
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Дубравка Угрешиќ
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Жените на Карантина
Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската лит..
280 ден 400 ден
Писма до Милена
За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главн..
434 ден 620 ден
Помогни ми
Асли Е. Перкер, авторката што на македонските читатели им е позната по романите „Гробот на џела..
300 ден 400 ден
Ознаки: lisica, dubravka ugresikj
