„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.

Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив.

Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Скриени желби, немирни патувања

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Владимир Јанковски
  • Достапност: На залиха
  • 300 ден
  • 225 ден


  • 1 или повеќе 225 ден

Слични продукти

Америка

Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росм..

Автор:

300 ден 400 ден

Реторика

Беседништвото како осмислен и ритмички обликуван начин на изразување, чија основна цел е убедување, ..

Автор:

280 ден 400 ден

Кревка рамнотежа

Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во..

Автор:

385 ден 550 ден

Тотем и табу

Книга во која е направен обид првобитната смисла на тотемизмот да се разгатне преку неговите инфанти..

Автор:

210 ден 300 ден

Ознаки: skrieni zelbi nemirni patuvanja, vladimir jankovski