Група млади луѓе решаваат да направат „темна соба“: затворен простор што ја блокира сета светлина. На почетокот ја користат просторијата за експериментирање со нови врски, за анонимен секс без никакви последици, за игра и бегство од реалноста. Откако ќе се соочат со созревањето и последиците од сопствените одлуки, разочарувања и успеси, темницата станува простор за нивен емотивен одмор. Со текот на времето, општествената несигурност и личната ранливост стануваат дел од нивните животи, а темната соба се претвора во еден вид засолниште. Реалноста постепено навлегува внатре, додека некои размислуваат дека не е време за криење, туку за враќање на ударот, иако со своите одлуки можат да ги загрозат другите членови на групата.
Романот "Темната соба" претставува книжевно истражување на можностите на темницата, но исто така и портрет на една генерација: портрет на оние, чија верба во подобрата иднина замира. Преку животите на оние кои влегуваат и излегуваат од темната соба во текот на петнаесет години, го гледаме суровото будење на современата шпанска генерација, која се чувствува прелажана.
Темната соба
- Издавачка куќа: Магор
- Автор: Исак Роса
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Смрт на Андите
Во едно зафрлено село на Андите исчезнале тројца луѓе. Капларот на перуанската армија Литума и негов..
350 ден 500 ден
Пролет на варварите
Танцувајќи разголени и пијани на скапа свадбена веселба покрај базенот на еден луксузен пустински ре..
175 ден 250 ден
Природна нега за вашето дете
Практичен прирачник со совети за грижа и здравје на децата на природен начин.....
712 ден 890 ден
Ознаки: temnata soba, isak rosa
