Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќе ги прочитате во еден здив. Мајкл Ханлон е искусен и вешт писател чии колумни на научни теми се објавувани во некои од најтиражните светски списанија. Во оваа книга, тој инспирирано, возбудливо и разбирливо презентира десет прашања што никој не може да ги одговори – прашања пред кои дури и современата наука ги крева рамењата.
Дали животните се свесни?
Зошто времето е толку чудно?
Можеме ли да живееме вечно?
Што ќе правиме со глупавите?
Што е темната страна?
Дали универзумот е жив?
Дали сме истата личност од пред една минута?
Зошто сме толку дебели... и дали тоа е важно?
Дали сме сигурни дека паранормалното е глупост?
Што е реалноста, реално?
„Десет прашања за кои науката нема одговор“ е неизоставна лектира за изненадувачки тесните научни перспективи во повеќе клучни области. Мајкл Ханлон ненадејно почина во 2016 година на само 51 година, но со ова извонредно научно-популарно дело си го обезбеди местото во почесната писателска ложа на вечноста.
Десет прашања за кои науката нема одговор (сè уште)
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Мајкл Ханлон
- Достапност: На залиха
- 330 ден
-
264 ден
-
- 1 или повеќе 264 ден
Слични продукти
Три нови драми
Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има по..
256 ден 320 ден
Човекот по име Уве
Запознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува соп..
338 ден 450 ден
Собрани раскази
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во тво..
525 ден 700 ден
Ознаки: 10 prasanja, deset prasanja na koi naukata nema odgovor se uste, majkl hanlon
