Петгодишниот Давид одеднаш останува сосем сам во туѓа земја, меѓу непознати луѓе чиј јазик не го разбира, среде мистериозен град кој можеби се наоѓа, а можеби и не се наоѓа на овој свет. Единствениот кој решава да му помогне на детето е еден непознат човек по име Симон, чијашто добрина и човечност на секој чекор му се враќаат со грубост и понижување.
„Детството на Исус“ е филозофска алегорија и вешто изведен книжевен трик на нобеловецот Џ. М. Куци. Инспириран од филозофските дијалози, еден прастар, редок, речиси заборавен жанр, Куци гради сложен текст преполн со симболи, алузии, навестувања и интелектуални игри. Детството на Исус е роман-загатка, кој претставува предизвик за читателот затоа што речиси на секоја страница се трансформира, варирајќи од интелектуален трилер, преку авантуристички роман и естетска расправа, до библиски инспирирана парабола и трогателна семејна сага.
„Најдобрите дела на Куци се вистински парадокс – на површината изгледаат неверојатно едноставни и јасни, а во суштина се нерешливи загатки. Растргнат помеѓу овие крајности, читателот секогаш е богато награден со врвно книжевно искуство. Токму затоа Куци е мајстор на својот занает.“ -The New Yorker
„’Детството на Исус’ е интригантна книжевна и метафизичка загатка, но истовремено и трогателна, длабоко емотивна приказна за секојдневната борба да се преживее и да се сочува човечноста.“ - Washington Post
„Чудесен спој на сократовски дијалог, библиска егзегеза, реалистичка драма и авантуристички роман… Исклучителна книга со суверена убавина и смиреност.“ - New Republic
„Куци во своите најдобри дела ги преиспитува и тестира границите на романот како жанр. Овој пат го користи сето свое мајсторство за оди до крајните граници на своето експериментирање. Резултатот е уште едно дело кое може да се смета за современ класик.“ - The New York Times
Слични продукти
Ветрогонот Бабукиќ и неговото време
Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на..
500 ден
Разговори со ќерка ми за економијата
„Зошто има толку многу нееднаквост?“Ксенија го прашува својот татко, светски познатиот економист Јан..
400 ден
Подземната железница
Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робо..
390 ден
Избрани драми 2
Горан Стефановски, големиот мајстор на македонската драма и во овие свои дела ( „Јане Задрогаз“, „Че..
450 ден
Ознаки: detstvoto na isus, kuci
