„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот, воопшто.
Во голема мера книгата изобилува со автобиографски приказни, збогатени со имагинативната нарација, преку кои авторот воспоставува комуникација и блискост со читателот и му испраќа емотивни и моќни пораки.
Нараторот преку гласот на децата, преку родителите, животните и растенијата комуницира со читателот и му дава еден готов производ од ликови и настани од нашето поднебје, со кои сите ние се идентификуваме. Педесет и еден расказ на број, тематски слични, сепак со поинакво сиже и поуки. Ова се раскази што ќе ја поттикнат емпатијата во вас.
Нека играат децата
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Денис Бојаров
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
225 ден
-
- 1 или повеќе 225 ден
Слични продукти
Неугодноста на квечерината
Наближува Божиќ и десетгодишната Јас е загрижена за својот зајак, зашто мисли дека нејзините родител..
203 ден 290 ден
Железно небо
Ова е прв роман на Марјан Георгиевски, битолскиот актер и еден од првите стенд-ап комичари кај нас, ..
280 ден 350 ден
Ознаки: neka igraat decata, denis bojarov
