Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По, Е. Т. А. Хофман, Лотреамон, по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот?

Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тие се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет...

Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно. 

Припотомување на кучката е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите современи македонски раскажувачи.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Припитомување на кучката

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Венко Андоновски
  • Достапност: На залиха
  • 340 ден


Слични продукти

Живот – Мојата приказна

Животот е борба. А колку потешка е борбата толку послатки се плодовите, толку посладок е животот.Нит..

Автор:

300 ден

Замок

„Замок“ е класика без која не може да се замисли книжевноста на XX век!Приказната е навидум едностав..

Автор:

500 ден

1984

Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чи..

Автор:

450 ден

Мраз во пламенот

Дебитантскиот роман на Е. Н. Веровска претставува вистинско богатство на македонската книжевност за ..

Автор:

350 ден

Ознаки: pripitomuvanje na kuckata, venko andonovski