Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предмети, чудесни апарати – тоа се мотивите кои опсесивно се повторуваат во „Азбуката на куклата“. Инспирирана од расказите на Маргарет Атвуд, Анџела Картер и Ширли Џексон, младата канадска авторка Камила Грудова создава еден необичен книжевен универзум, кој изненадува со својата оригиналност и привлекува со својата застрашувачка убавина.
Расказите од „Азбуката на куклата“ се издвојуваат со својата имагинативност и оригиналност, но исто така и со моќта да предизвикаат силна емоционална реакција кај читателот. Во нив авторката ја изместува реалноста сосем доволно за да ги задржи нејзините познати елементи, но истовремено и да ги премести до границата на заумното, па дури и на апсурдното. Светогледот во расказите варира од детски и наивен, до гротескен и мрачен, спојувајќи ги елементите на фантастиката, бајките и хоророт во еден вид современо преосмислување на надреализмот.
„Приказните на Камила Грудова се како бајки што сонуваат дека се кошмари. Во нив постои еден сосем нов свет, кој нè повикува да го откриеме за потоа да нè зароби во себе.“ - Гардијан
Азбуката на куклата
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Камила Грудова
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Подземната железница
Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робо..
273 ден 390 ден
Волга, Волга
Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џам..
338 ден 450 ден
Недрамски дела
„Но таа што никогаш не ги разбрала таквите очи,и не ги сфатила пораките од погледите блудни,и никога..
210 ден 300 ден
Ознаки: azbukata na kuklata, kamila grudova
