Младиот писател Виктор е очаен затоа што никако не може да ги објави своите раскази и запаѓа во сè поголеми финансиски проблеми. За да се избори со осаменоста, решава да го посвои пингвинот Миша, кого зоолошката градина во Киев повеќе не може да го чува. Тогаш и среќата на Виктор ќе се смени и тој конечно ќе најде работа, но наместо раскази, од еден локален весник ќе добие задача да пишува некролози. Меѓутоа, тој треба да пишува некролози за луѓе што сè уште се живи, па по некое време ќе сфати дека се нашол во опасна стапица на украинското подземје.
Напишан како кафкијански трилер со елементи на црн хумор и социјална сатира, „Смртта и пингвинот“ е најуспешниот роман на Андреј Курков, со кого овој автор стекнува светска слава и добива низа меѓународни признанија.
„’Смртта и пингвинот’ е трагикомично ремек-дело, брилијантна сатира на животот во современите постсоцијалистички општества.“ - Дејли телеграф
Смртта и пингвинот
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Андреј Курков
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Автопортрет со седум прсти
Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг,..
525 ден 700 ден
А пропо ништо
БЕСКРАЈНО ЗАБАВЕН, ДЛАБОКО ИСКРЕН, БОГАТ И БРИЛИЈАНТЕН АВТОПОРТРЕТ НА СЛАВНИОТ УМЕТНИК КОЈ СЕ ВБРОЈУ..
480 ден 600 ден
Мачкино око
Вознемирувачки, смешен и сочувствителен роман, во кој една жена се обидува да ги одмрси замотаните ј..
450 ден 600 ден
Магла и месечевина
„Магла и месечевина“ е своевиден увод во подоцнежните дела на Селимовиќ, а дел од критиката го смета..
188 ден 250 ден
Ознаки: smrtta i pingvinot, andrej kurkov
