Оваа книга содржи повеќе од сто писма од интимната преписка помеѓу Франц Кафка и неговата најмлада сестра, Отла. Пишувани во период од петнаесет години, писмата ни откриваат лични детали од животот на Кафка, го отсликуваат неговиот бурен однос со родителите и неговиот топол однос со сестрите, а ја откриваат и неговата долга и тешка битка со болеста.
Преписката го открива Кафка како внимателен брат, добар пријател и топол човек, што можеби и не е толку евидентно од неговите книжевни дела. Поради сето тоа, „Писма до Отла“ претставува скапоцен увид во сложената и енигматична личност на еден од најголемите писатели во историјата на светската книжевност.
Писма до Отла
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Франц Кафка
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
385 ден
-
- 1 или повеќе 385 ден
Слични продукти
Непобедливата седумка
Оваа книга се чита онака како што самиот автор, преку зборовите на нараторот, го опишува качувањето ..
231 ден 330 ден
Продавачката
Јас сум резултат на светот околу мене, а светот околу мене постојано се менува...„Продавачката“, ром..
240 ден 300 ден
Ознаки: pisma do otla, franc kafka
