Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, описи на личности, како и белешки и огледи за јазикот, книжевноста, уметноста и за многу други феномени што го сочинуваат животот.
Сите овие (псевдо) фрагментарни елементи издадени под симболичниот наслов Андриќ ги собира и ги обработува во текот на целиот живот, така што тие претставуваат своевиден патопис-животопис, еден вид духовен дневник со сопствено поимање на просторот и времето, пред сè во поглед на внатрешната организација на делото. Додека, пак, онаа праволиниската, световна хронологија, почнува со дваесеттите години на минатиот век, а завршува со неговото упокојување во 1975 година.
„Крајпатни знаци“ недвојбено може да се поима како биографска енциклопедија на/за Иво Андриќ, која благодарение на неговиот извонредно едноставен и лесно восприемлив стил, на читателот понепосредно му ја открива суштината и на неговите лични погледи и на неговото книжевно творештво.
Крајпатни знаци
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Иво Андриќ
- Достапност: На залиха
- 700 ден
-
525 ден
-
- 1 или повеќе 525 ден
Слични продукти
Добро е да се знае
Оваа книга е збир на текстови и записи од полето на историјата и празниците (празниците во значаен д..
413 ден 590 ден
Министерство за врвна среќа
Приказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на ..
350 ден 500 ден
Бунтовници
Еден избор може да те трансформира или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во ..
315 ден 450 ден
Ознаки: krajpatni znaci, ivo andrikj
