Исидор Чагин може да го запомни и најсложениот текст и го чува во својата меморија онолку колку што сака.
Феноменалните способности за херојот стануваат тешко искушение, зашто е лишен од обичната човечка радост да заборава. Сето она до кое се допира, за него во буквална смисла на зборот, станува незаборавно.
Секој велик дар е нарушување на хармонијата. На сеќавањето му е неопходен заборавот, на зборот молкот, а на измислицата реалноста. Тие во животот се сплетени толку цврсто, како трагичното и комичното во романите на Водолазкин. Романот „Чагин“ не е исклучок. Меѓу ликовите на книгата се и Хајнрих Шлиман и Даниел Дефо, тајни агенти, архивисти и конферансиеја, а исто така и специфичниот авторски стил, како и секогаш е еден од главните јунаци.
Роман за помнењето, за времето и за човекот кого го мачат стихиите што не може да ги контролира. Времето и сеќавањето се омилени теми на Водолазкин – посветени им се сите негови романи, од „Лавр“ до „Оправдание на Островот“, но во „Чагин“, писателот открива нов аспект на оваа тема, персонифицирајќи ја меморијата во ликот на една необична личност.
Чагин
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Евгениј Водолазкин
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
И така, ви велам...
Автобиографијата на Џон Клиз, "И така, ви велам..." е сето она што се очекува од нејзиниот автор – л..
400 ден 500 ден
Мостот на Дрина
Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врск..
413 ден 550 ден
Автобиографија - Ерик Клептон
Еден од најелитните гитаристи на сите времиња, Ерик Клептон, во оваа искрена и длабоко лична автоиог..
490 ден 700 ден
Автопортрет со седум прсти
Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг,..
525 ден 700 ден
Ознаки: cagin, evgenij vodolazkin
