Секогаш викам „Драго ми е што се запознавме“ на некој што воопшто не ми е драго што сум го запознал. Ако сакаш да останеш жив, мораш да кажуваш такви глупости.
Се ближи Божиќ, а Холден Колфилд штотуку е избракан од училиште. Повторно.
Напуштајќи го школото, смрзнат и понижен, тој два-три дена талка низ Њујорк барајќи утеха во барови и минливи средби и подготвувајќи се за средба со родителите...
Градот е прекрасен и истовремено ужасен и со сета своја празнична меланхоличност носи измешано чувство на можност и празнина. Спасот е само една (за)мисла: поле со ’рж во кое Холден е чуварот што ги спасува децата да не паднат во стапицата на вистинскиот живот.
Одисеја за напуштањето на детството, загубата, но и пронајдувањето, Чуварот во ’ржта е синоним за книжевна контроверзија на 20 век. Еднакво предизвикувачки е и преводот на Румена Бужаровска, кој го доловува сиот отпор кон културните и општествените вредности на неприлагодените во светот, кои често завршуваат со крах. Но, некогаш стануваат и класика.
Чуварот во ржта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џ. Д. Селинџер
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
320 ден
-
- 1 или повеќе 320 ден
Слични продукти
Волга, Волга
Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џам..
338 ден 450 ден
Пофалба на маќеата
Овој разигран роман за љубовта и страста ќе ги зацрвени образите дури и на најтврдокорните либерали ..
245 ден 350 ден
Господ, па Америка : есеи
Пишувам за Америка на критичен начин, кој е, исто така, полн со љубов (а како поинаку се пишува за з..
272 ден 340 ден
Ознаки: cuvarot vo rzta, selindjer
