Навистина, не е мудар оној што не ја познава темнината...
Растргнатоста на духот на човекот, кој во реалноста е степски волк, див и чуден, ги одразува феномените и струите на современото општество што се критички настроени кон културата на 20 век. Со спојот меѓу источниот мистицизам и западното општество, најпознатото дело на Хесе е едно од најпоетските книжевни евокации на патувањето на душата до конечното ослободување.
Оваа фаустовска приказна го следи патот на Хари Халер, кој во состојба на целосно отуѓување од буржоаскиот свет, страда од длабок внатрешен конфликт. Во голем дел автобиографски, Степскиот Волк поседува длабока мудрост што ги воодушевува читателите дури и цел век по објавувањето.
И самиот Херман Хесе минал низ многу лични кризи и преобразби, што се одразуваат во неговите дела, за кои ја добил Нобеловата награда за литература. Човекот е обид и премин, тој не е ништо друго освен тесен, опасен мост меѓу природата и духот. Овој интимен приказ на човекот кој се чувствува себеси како получовек-полуволк, го доловува расположението на една цела незадоволна генерација растргната меѓу минатото, сегашноста и иднината.
Степскиот волк
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Херман Хесе
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
320 ден
-
- 1 или повеќе 320 ден
Слични продукти
Шинела и други раскази
Прозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на ..
300 ден 400 ден
Елин, разно
Вистински значајните нешта во нашите животи можат да се соберат само во две-три кутии. Ако навистина..
228 ден 325 ден
Подземната железница
Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робо..
273 ден 390 ден
Начин на љубење
„Начин на љубење“ е необична книга со приказни кои ни даваат можност повторно да го погледнеме свето..
161 ден 230 ден
Ознаки: stepskiot volk, herman hese
