Пишувам само затоа што во мене има глас што не сака да мирува...


Единствениот роман на поетесата Силвија Плат е објавен под псевдонимот Викторија Лукас, еден месец пред да го заврши својот живот. Тој е обид да го промисли својот живот преку зборовите, зашто за неа пишувањето отсекогаш значело создавање, измислување нов и поинаков свет. Но, тој е и обид да се издигне над суровата реалност обележана од осаменост и отуѓеност, над стравот од ненаоѓање на вистинските зборови и сомневањето во сопствениот гениј, кои полека ѝ ги сушат имагинацијата и творечкиот дух.


Плат не раскажува само за најтешкиот дел од сопствениот живот туку и за сите нас – обележани од болка и недостиг, од мечти и мали радости. Нејзината хероина е слика за човекот застанат пред амбисот на својот живот, соочен со суштинските прашања: Што направив? Кој сум јас? Како се случи да се изгубам на својот пат?


Полн со рационално лудило, хумористични и вознемирувачки подеми и падови, „Стакленото ѕвоно“ е безвременска слика на човековата состојба. Колку и да е таа трагична, сепак Силвија Плат ја обојува со неопходен поттик. „Животот е трка на двесте метри со пречки“, вели таа во својот дневник. „А пречките треба да се прескокнат.“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Стакленото ѕвоно

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Силвија Плат
  • Достапност: На залиха
  • 390 ден
  • 312 ден


  • 1 или повеќе 312 ден

Слични продукти

Шагринска кожа

"Шагринска кожа" е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фант..

Автор:

245 ден 350 ден

Трафикант

„Трафикант“ е топла и потресна приказна за необичното пријателство меѓу младиот Франц Хухел и профес..

Автор:

203 ден 290 ден

Ветрогонот Бабукиќ и неговото време

Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на..

Автор:

375 ден 500 ден

Генијот и божицата

Џон Риверс, студент по физика, добива ретка шанса да биде асистент на брилијантниот професор Хенри М..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: staklenoto zvono, silvija plat