Што се случува кога поради љубов и неправда ќе оживеат два споменика на скопскиот плоштад, оној на Александар и оној на Гоце Делчев, па ќе тргнат да видат како денес изгледа светот? Што се случува кога Александар решава (со Гоце) да тргне на поход на Запад, наместо на Исток, зашто на Истокот веќе бил, а за Западот само слушал дека е подобар и од неговото некогашно царство? Што се случува додека врват низ Србија, Хрватска, Словенија, а завршуваат во Хаг – како злосторници?


Се случуваат фасцинантна фарса, ведра гротеска, хумор до солзи, неочекувани пресврти, апсурди кои засмејуваат, бесмислици кои растажуваат... Со овој „нов жанр“, кој самиот автор пародиски го именува како „чекајќи роман“, Андоновски се разликува од самиот себеси и од сè што досега напишал како романсиер, а истовремено потсетува на сјајните моменти од неговите комедии и фарси, кои беа хитови цели две децении на нашите театарски сцени...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Александар јава на запад

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Венко Андоновски
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Слични продукти

Трафикант

„Трафикант“ е топла и потресна приказна за необичното пријателство меѓу младиот Франц Хухел и профес..

Автор:

290 ден

Детето во снегот

Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“...

Автор:

200 ден

Психопорно

„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.Како што кажува и сам..

Автор:

400 ден

Госпоѓа Бовари

Ема Бовари е убава млада жена што живее здодевно секојдневие, заробена во бракот со просечен лекар и..

Автор:

350 ден

Ознаки: aleksandar java na zapad, venko andonovski