Ова издание ги обединува „На дното“, едно од најмоќните драмски дела на Максим Горки, и избор од неговите највлијателни раскази, вклучувајќи ги „Макар Чудра“, „Старицата Изергил“, „Челкаш“, Коновалов“, „Маљва“ и други.

„На дното“ е социјална драма што нуди потресен приказ на маргинализираните луѓе во руското општество. Во мрачните простории на една сиромашна гостилница, Горки создава галерија на живописни ликови – скитници, измамници, идеалисти и разочарани души – кои низ сурови дијалози и горчливи исповеди го откриваат своето страдање и надежта што тлее во нив.

Во расказите на Горки пулсира духот на обичниот човек, борбата за достоинство и стремежот кон слобода. Од мистичните преданија во Макар Чудра“ и „Старицата Изергил“, до суровата реалност на работничката класа во „Челкаш“ и „Коновалов“, овие приказни ја прикажуваат руската душа во нејзините најинтимни и најдраматични моменти.

Со својата моќна слика на животот и длабоката хуманост, ова издание нуди незаборавно патување низ визијата на Горки – еден од најголемите реалисти и социјални хроничари на своето време.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

На дното, Раскази

  • Издавачка куќа: Полица
  • Автор: Максим Горки
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден
  • 280 ден


  • 1 или повеќе 280 ден

Слични продукти

Тим – официјалната биографија на Авичи

Интимна биографија за Тим Берглинг – Авичи, легендарниот диџеј што прерано го напушти овој свет.Диџе..

Автор:

450 ден 600 ден

Како да станеш фриленс артист

Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку как..

Автор:

315 ден 450 ден

Разговори во Париз

Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..

Автор:

300 ден 400 ден

Подоцна

Во збирката "Подоцна" стиховите на Бошевски се истргнати зрнца животна мудрост извлечени од преживеа..

Автор:

160 ден 200 ден

Ознаки: na dnoto, raskazi, maksim gorki