Оваа книга е моја лична теорија за романот, расказот и драмата, книга во која не само што пишувам за своите дела туку и откривам некои свои „мали тајни“ на пишувањето. Во неа тврдам дека љубовното мелодрамско е брашното, трилерот е квасецот, апсурдот е месото, а гледните точки и „блендата“ на раскажувањето се зачините во тој „рецепт“ за „мојот специјалитет“ – романот. Говорам и за невидливите огледала поставени на тајни места, во кои се огледува текстот, пропаѓајќи вртоглаво во самиот себе. Говорам и за „температурата“ на текстот и како јас ја одржувам, како ја качувам или ја спуштам, а ја изнесувам и тезата дека температурата на текстот влијае врз температурата на душата кај читателот. Оваа книга е мој личен „прозен готвач“ и се надевам дека ќе им помогне и на други писатели кои се бараат себеси – да се пронајдат, зашто секој си смислува свој личен рецепт и има свој личен стил до кој самиот доаѓа. А ќе им помогне и на читателите – ќе им покаже како да читаат лепословија. - Венко Андоновски
Опијатите на лепословието
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Венко Андоновски
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
320 ден
-
- 1 или повеќе 320 ден
Слични продукти
Мостот на Дрина
Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врск..
413 ден 550 ден
Ветрогонот Бабукиќ и неговото време
Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на..
375 ден 500 ден
Млеко и мед
Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и ..
240 ден 300 ден
Добро е да се знае 2
Фактите се најсилното оружје против заборавот. Дали сте подготвени да ја погледнете вистината низ бр..
413 ден 590 ден
