Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.

Дејството се одвива во Сараево, пред и за време на Првата светска војна, и во Белград, во првите хаотични години по војната. Преку сеќавањата на скржавата лихварка се навраќаме до времето кога нејзиниот татко, пропаднат трговец, бил на смртна постела и ја заветил својата ќерка по цена на животот да го чува она малку што може да ѝ го остави. Така, таа станува целосно поробена од парите во кои се надева дека ќе најде сигурност и одмазда спроти омразениот и несигурен свет.

Рајка уште како млада девојка се откажува од радоста на животот, стекнувајќи се со аскетска и речиси мизантропска осаменост. Романот е психолошка монографија на личност која меѓу нејзините современици и сограѓаните била позната едноставно како „Госпоѓицата“ – длабоко поразена токму во она време кога во човечката природа се создаваат најубавите соништа за животот. За разлика од другите романи на Андриќ, основен белег на ова дело е отсуството на ориенталниот колорит, но присутна е неговата омилена форма – хрониката, прикажувајќи ги минатото и сегашноста на педантен уметнички и филозофски начин.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Госпоѓицата

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Иво Андриќ
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

И така, ви велам...

Автобиографијата на Џон Клиз, "И така, ви велам..." е сето она што се очекува од нејзиниот автор – л..

Автор:

400 ден 500 ден

Психопорно

„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.Како што кажува и сам..

Автор:

300 ден 400 ден

Скриени желби, немирни патувања

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се..

Автор:

225 ден 300 ден

Прослава

Крајот на една војна навестува искуства на нови страдања, а секојдневието во кое борбата за преживув..

Автор:

154 ден 220 ден

Ознаки: gospogjicata, ivo andrikj