Пишувам за Америка на критичен начин, кој е, исто така, полн со љубов (а како поинаку се пишува за земја што добро ја познавате?) Или, пак, за човек.
Румена Бужаровска ја открива Америка. Што има зад сцената? Крената ли е завесата како знаме? Знаме со ѕвезди или со краци. Или бело знаме?
Спомени, мириси, слобода. Отуѓеност, страв, стереотипи, пушки. Америка е синтеза. Точка на вриење. Почнувајќи од најраното детство во Аризона и американските училишта, па сè до средби кои го менуваат животот и познанства што не стигнале да прераснат во пријателства. Во овој свет каде е невозможно да се остварат долготрајни пријателства – што создава друга болка, осаменоста – тешко е човек да се потсетува. А камоли да напише длабоки есеи, кои не се само критичко видување, туку истовремено и личен, вонвременски дневник кој бара соголување на душата и на безмилосната стварност, токму каква што е Америка.
Молитвите завршуваат со амин, животот со смрт, есејот со точка (најчесто). Ретко, токму како во овој случај, завршуваат во книга која е опасна за припадноста на читателот. Ќе го предизвика да си припаѓа себеси, без разлика во која земја живее.
Патописи за Америка што се многу повеќе од тоа – од секоја средба со американско место и жител, Румена развива приказна во спој со личните искуства, низ која се изместуваат познатите перспективи. - Калина Малеска, писателка, преведувачка и професорка
Ги поминав истиот пат како авторката на патописите, и не ми беше толку интересно колку што ми беше додека ја читав оваа книга. Или јас сум глупав, или книгава е многу добра. - Срѓан Драгојевиќ, режисер и сценарист
Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ! - Петар Андоновски, писател
Господ, па Америка : есеи
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Румена Бужаровска
- Достапност: На залиха
-
340 ден
Слични продукти
Љубовниците полиглоти
Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовече..
370 ден
Живот наспроти се
Посилна од судбината е храброста со која таа непоколебливо се поднесуваЕдинаесет месеци по ослободув..
280 ден
Соништата на татко ми
Необичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуб..
290 ден
Срам
„Си беа еднаш две семејства чиишто судбини ни смртта не можеше да ги раздвои…“ Заплеткани во политич..
660 ден
Ознаки: gospod pa amerika, rumena buzarovska
