„Магла и месечевина“ е своевиден увод во подоцнежните дела на Селимовиќ, а дел од критиката го смета и како суптилна увертира за култниот „Дервишот и смртта“.
Ова е приказна за млад селски пар кој во својот дом згрижува ранет партизан во текот на Втората светска војна. Ликовите се неверојатно психолошки прикажани, а трагичната нота демне над текот на дејството. „Магла и месечевина“ е едно од најдобрите дела со тематика од Втората светска војна – лирски, таинствен, суптилен и меланхоличен роман, но истовремено проникнат со еротски набој кој му дава дури и одредена контроверзна димензија. Ова е текст на молкот, кој чудесно се наметнува врз сè што ликовите зборуваат. Војната е вплетена и како општествена позаднина, но и како борба во самиот човек, бидејќи се прикажуваат човечките искушенија во немирни времиња, додека во совеста на ликовите се случува голем внатрешен судир.
Меша Селимовиќ изјавил дека ова е негово артистички најуспешно дело.
Магла и месечевина
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Меша Селимовиќ
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
188 ден
-
- 1 или повеќе 188 ден
Слични продукти
Книжевна конференција
Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елеме..
161 ден 230 ден
Клетници 1
Напишан во 1862 година, „Клетници“ се смета за еден од најзначајните романи на деветнаесеттиот век. ..
413 ден 590 ден
Шинела и други раскази
Прозата на Николај В. Гогољ стои во основите на модерната европската литература, како претходник на ..
300 ден 400 ден
Ознаки: magla i mesecevina, mesa selimovic
