Ова е роман за иднината. За иднината што ја посакуваме, за оние работи што нема да ги имаме, што може да ги промениме и изградиме. Стравот и изненадувањето од губењето на контролата се главните чувства на нашето време, а топлиот глас на Паоло Џордано знае да ги раскаже како никој друг. Сите можеме да се препознаеме во овој толку чувствителен, жив и современ роман. Бидејќи секој си ја бара својата Тасманија: место во кое ќе го најдеме сопствениот глас.

Главниот лик е млад, внимателен и чувствителен човек што во еден момент мисли дека науката ќе му ги овозможи сите одговори, но во следниот се наоѓа пред ѕид од прашања. Со него се: Лоренца која знае да чека, Новели кој ги студира формите на облаците, Карол кој ќе го пронајде Бог каде што не го бара, Курција која нервно попушта, Џулио кој не знае како да се однесува кон својот син. Кризата за која зборува овој роман не е само онаа на паровите, можеби на цела една генерација. Но, сигурно е онаа на светот во кој живееме – кризата на нашата планета. Магијата на „Тасманија“, силата која не привлекува со секоја страница, е природно прекршување помеѓу сето она што се случува во и надвор од нас.

Паоло Џордано навлегува во најинтересните територии на денешниот европски роман, за успешно, со леснотија и радост да се закотви во светот што тој најдобро го познава, каде може да се крие и открива себеси, каде што може да се пресмета со сопствените демони и да го победи стравот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тасманија

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Паоло Џордано
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден


Слични продукти

Невидливите

На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само ед..

Автор:

370 ден

Стив Џобс

Ексклузивна биографија на Стив Џобс, напишана со негова целосна соработка. Врз основа на повеќе од ч..

Автор:

650 ден

Преголем залак

Приказна за војната на Путин против Украина. Задлабочено истражување за почетокот на руско-украинска..

Автор:

890 ден

И така, ви велам...

Автобиографијата на Џон Клиз, "И така, ви велам..." е сето она што се очекува од нејзиниот автор – л..

Автор:

500 ден

Ознаки: tasmanija, paolo djordano