Запознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина...
И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други.
Истоимениот филм во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Човекот по име Уве
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Фредрик Бакман
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Толку долго патување
Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство..
245 ден 350 ден
Железно небо
Ова е прв роман на Марјан Георгиевски, битолскиот актер и еден од првите стенд-ап комичари кај нас, ..
280 ден 350 ден
Диви Гуски
Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и та..
203 ден 290 ден
Тотем и табу
Книга во која е направен обид првобитната смисла на тотемизмот да се разгатне преку неговите инфанти..
210 ден 300 ден
Ознаки: covekot po ime uve, fredrik bakman
