Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има повеќе јагниња од волци.

Драмите се за гледање, а дури потоа за читање, вели авторот на овие „Три драми“. Но и читателите во нив ќе најдат врвно уживање. Прво, затоа што не се изведени. Второ, затоа што го носат печатот на стилското мајсторство на својот автор. Трето, затоа што, на овој или на оној начин, ни се одигруваат пред очи. А во нив е нашата клучна реплика.

Овие три драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“ – се тематски различни, а толку слични според пораките што ги носат. Впрочем, како и нашите животи. Секој ја води својата битка продолжувајќи го времето со страдање, скратувајќи го со радост, а сопирајќи го со смртта. Но барем може да излезе од својата драма како јунак што го спасува човештвото со љубов.

Иако злото се шири полесно и побрзо од доброто, сепак, и кога ќе ја фрли последната карта, доброто во рацете ќе држи уште една – бесмртноста. Ние би додале – и љубовта, како доказ за човечката добрина, преку која најсигурно се стигнува до бесмртноста.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Три нови драми

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Венко Андоновски
  • Достапност: На залиха
  • 320 ден


Слични продукти

На дното, Раскази

Ова издание ги обединува „На дното“, едно од најмоќните драмски дела на Максим Горки, и избор о..

Автор:

400 ден

Деца

Во рамките на обемното прозно творештво на Андриќ има голем број текстови кои се занимаваат со децат..

Автор:

300 ден

Диви Гуски

Во детството нештата не се секогаш такви какви што изгледаат на прв или на втор поглед: мајките и та..

Автор:

290 ден

Книжевна конференција

Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елеме..

Автор:

230 ден

Ознаки: tri novi drami, venko andonovski