Секој војник останува жив благодарејќи на илјадници случајности.
И секој војник верува и му се препушта на случајот. Од школската клупа директно на бојното поле. Паул Бојмер на почетокот на Првата светска војна е регрутиран заедно со своите врсници во германската војска. Млади и полни со идеализам, тие стануваат силни војници. Но наспрема поривот што го тера да војува, Паул води уште една битка во себе – онаа против омразата што бесмислено ги тера луѓето да се борат во различни униформи, едни против други.
На запад ништо ново е најпопуларниот и најпреведуван воен роман на сите времиња. Не можеле да го замолчат ниту прогонството на Ремарк од татковината ниту горењето на неговите книги. Бил и останува сведок на разорните последици што војувањето ги носи врз личната и колективната болка и судбина.
Оваа книга е жестока осуда на ужасите на војната. Обид да престанат или барем да се ублажат нејзините трауми, повик да не се повтори никогаш. Надежна приказна што зрачи со љубов и грижа за човештвото.
Слични продукти
Како да го заработиш првиот милион
Оваа книга претставува пародија на мотивациските книги од типот „златни совети“. „Како да го заработ..
350 ден
Одбивна среќа
Што би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, ер..
300 ден
Пролет на варварите
Танцувајќи разголени и пијани на скапа свадбена веселба покрај базенот на еден луксузен пустински ре..
250 ден
Ветрогонот Бабукиќ и неговото време
Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на..
500 ден
Ознаки: na zapad nisto novo, erih marija remark
