Мозаик од портрети на различни ликови, пишувани од женска или од детска перспектива, фатени во грч, во миг на преиспитување и соочување со сопствените мани и проблеми. Румена Бужаровска прави процеп на стварноста и од неа ги извлекува сите интимни драми на секојдневието.

Во новото издание на оваа збирка ќе се сретнете и со дел од нејзините рани раскази објавени во „Чкртки“. И тогаш и сега, со едноставен а богат јазичен стил, со проблеми од нашето општество а сепак универзални, Бужаровска мајсторски ги буди индивидуалците да се соочат со себе и да преземат одговорност за она што им се случува.

За да ги откорнеме негативните и дискриминаторски ставови, неправилните и неправедните навики, потребно е прво да се соочиме насамо со ликовите од овие раскази. Препознавајќи се во многу од нив, потоа со отворени очи и будна свест зачекоруваме кон новото утре.

„На читачката публика Румена Бужаровска ѝ е претставена како „новата надеж од Македонија“, како што потврдува оваа збирка раскази. Бужаровска пишува од јасна перспектива. Се запознаваме со неколку женски судбини, од кои некои се девојчиња, а други се млади, омажени жени. Линијата на женските судбини се заокружува со приказната за една старица. Најдоброто од Румена Бужаровска штотуку следува.“ - Беким Сејрановиќ

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Осмица

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Румена Бужаровска
  • Достапност: На залиха
  • 280 ден
  • 224 ден


  • 1 или повеќе 224 ден

Слични продукти

Се помалку човек

Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на ч..

Автор:

200 ден 250 ден

Три нови драми

Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има по..

Автор:

256 ден 320 ден

Оправдание на Островот

Дејството се одвива на остров што го нема на картата, но никој не се сомнева во неговото постоење. Т..

Автор:

338 ден 450 ден

Фурам феминизам

Зошто мама раскрева по дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме..

Автор:

240 ден 300 ден

Ознаки: osmica, rumena buzarovska