Оваа книга претставува пародија на мотивациските книги од типот „златни совети“.

„Како да го заработиш првиот милион“ на Богдан Костин, нѐ внесува во трагикомичниот свет на нашето секојдневие во кој живеат луѓе подложни на гротескни компромиси, свет во кој сè e на продажба. Кога ќе ти се појави добра идеја за брзо збогатување и згора на тоа си млад претприемач, не ти преостанува ништо друго освен идејата да ја спроведеш во пракса. Се откажуваш од добро платената работа во агенцијата за рекламирање и тргнуваш по сопствен пат со единствена цел, да заработиш милион долари.

Анонимниот наратор на овој роман, „јунакот на нашите дни“, својата идеја ја спроведува на најцинични и најневообичаени начини, воден од девизата: Смртта продава. Тој ја ползува смртта на луѓето со цел на клиентите да им ги продаде своите продукти, претворајќи болести, самоубиства и предозирања во емотивни приказни кои треба да стигнат до срцата на тие кои, во потрага по сензации, се хранат со шарените страници на списанијата и светлината на телевизискиот екран. Потпомогнат од помошници без никакви скрупули, и употребувајќи еден кршлив и неморален систем, тој успева да си го оствари сонот...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Како да го заработиш првиот милион

  • Издавачка куќа: Прозарт
  • Автор: Богдан Костин
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Будимпештански записи 2

Пред вас се отвора втората книга од едно патување, поместено од координатите на нужноста, но вкорене..

Автор:

590 ден

Преобразба

Вината кон семејството, особено кон татка си, за неисполнетите очекувања, вината кон општествената с..

Автор:

350 ден

Предани

Што ако целиот твој свет е лага? Што ако едно единствено откритие или еден единствен избор, про..

Автор:

450 ден

Џабе живиш у Скопје

„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсур..

Автор:

250 ден

Ознаки: kako da go zarabotis prviot milion, bogdan kostin