Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на Миљенко Јерговиќ патува со авион низ целиот свет цели триесет години. Се вика Бабукиќ, а во светот тргнува со почетокот на нашата последна балканска војна. Бега од Загреб, од работата во ЈНА и од трудната љубовница, преку Љубљана, некаде далеку, што подалеку. Веќе на првиот лет за Франкфурт, стекнува чудна дарба да го научи секој јазик веднаш штом ќе го слушне и сите – од цариници и стјуардеси до обични патници – неизмерно да му веруваат.

Авантурите на Бабукиќ се споредливи само со оние на Дон Кихот. Обиколувајќи го светот безброј пати, а никогаш не излегувајќи од аеродром или од авион, тој внимателно ги слуша неверојатните приказни на луѓе од сите раси и религии – од дагестанската вештерка, преку шведскиот антрополог Олсон, до Динко Микуличиќ, синот на најпознатиот убиец на УДБА, со кого на белградскиот аеродром ќе го дочека крајот на светот.

„Ветрогонот Бабукиќ и неговото време“ е современ пикарски роман, кој ги отсликува нашите стравови, немири, опседнатоста со секс, озборување и алкохол. Јерговиќ напишал дело во кое неговиот лик, истовремено грижлив и суетен, плашлив и храбар, е вистински херој на нашето време.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Ветрогонот Бабукиќ и неговото време

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Миљенко Јерговиќ
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 375 ден


  • 1 или повеќе 375 ден

Слични продукти

Азбуката на куклата

Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предме..

Автор:

245 ден 350 ден

Дервишот и смртта

Ахмед Нурудин е дервиш, припадник на мевлевискиот ред, шејх на теќе во една провинциска касаба.Кога ..

Автор:

450 ден 600 ден

Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење

Првпат објавена во 1891 година, "Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење" на Пелегрино Ар..

Автор:

632 ден 790 ден

Били Ајлиш

Откриј се што сакаш да знаеш за лошата девојка на поп-музиката во една неверојатна книга!Били Ајлиш ..

Автор:

280 ден 350 ден

Ознаки: vetrogonot babukikj i negovoto vreme, miljenko jergovikj