Оваа нова биографија на Карл Густав Јунг ја пополнува празнината во нашето сфаќање и разбирање на основоположникот на психијатријата, преку фокусот на окултната и мистична димензија на неговиот живот и дело, аспект што сè досега беше многу погрешно толкуван.
Јунг е легендарниот швајцарски психијатар и психоаналитичар, кој ја основал аналитичката психологија, познат по иновативните концепти како што се: колективното несвесно, теоријата за архетиповите и синхроницитетот. Поради неговата важност, честопати се одбегнуваше да се спомене каква било експлицитна поврзаност со мистицизмот или со окултното. Сепак, Јунг живеел живот богат со паранормални искуства – дебатирал со Зигмунд Фројд околу постоењето на полтергејстите, учествувал во сеанси, вклучувал астрологија во својата терапевтска работа, раскажувал за сопственото доживување и допир со смртта, а соработувал и соосновачот на парапсихологијата, Џ. Б. Рајн. Токму овие искуства – минорно спомнати во другите биографии или критички студии и честопати користени за да се оспорат Јунг и неговата философија – го обликуваат јадрото на оваа значајна нова биографија.
Гери Лакман на ваков начин го затвора кругот: им пристапува на животот и делото на Јунг од гледна точка на западната езотерична традиција и го сместува во контекст на другите главни езотерични мислители како Рудолф Штајнер, Г. И. Гурџиев и Емануел Сведенборг. Во таа смисла, оваа нова биографија е во корелација со сензибилитетот на читателите што со право го доживуваат Јунг како зачетник на денешната современа метафизичка култура.
Слични продукти
Стив Џобс
Ексклузивна биографија на Стив Џобс, напишана со негова целосна соработка. Врз основа на повеќе од ч..
650 ден
Последната девојка
Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со гол..
350 ден
Психопорно
„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.Како што кажува и сам..
400 ден
Цел живот
Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напу..
260 ден
Ознаки: mistikot jung, geri lakman
