Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство и посакува убава иднина за своите деца. Одеднаш, неговиот живот целосно се менува и тој е соочен со интриги, кавги и загуби на блиски луѓе. Сето тоа кулминира кога без своја волја ќе биде вмешан во криминален скандал што води до самиот врв на индиската влада, непосредно во деновите пред почетокот на војната меѓу Индија и Пакистан.

Толку долго патување е приказна за битката што ја води човек за да го зачува своето достоинство во бурни и нечесни времиња. Раскажан во класичен манир, ова е богат, живописен и трогателен роман, награден со признанието за најдобро книжевно дело што го доделува генералниот гувернер на Канада, како и со наградите „Комонвелт“ и „В. Х. Смит“.

„Рохинтон Мистри е исклучителен писател… Со стрпливост и со топол хумор, тој пишува како да слика портрет, прикажувајќи ги ликовите со толку грижа и разбирање што нивните искушенија стануваат наши трагедии.“ - Тајм

„Роман што варира од политичка сатира до длабока семејна сага, напишан преку јасни и прецизни епизоди кои, иако се позајмени од историјата, понекогаш изгледаат почудно од фикција.“ - Њујорк Тајмс

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Толку долго патување

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Рохинтон Мистри
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 245 ден


  • 1 или повеќе 245 ден

Слични продукти

Азбуката на куклата

Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предме..

Автор:

245 ден 350 ден

Мечка страв

„Овие стихови бараат јазик за неименуваното. Го присилуваат заглушениот молк да проговори. Врескаат ..

Автор:

175 ден 250 ден

Недрамски дела

„Но таа што никогаш не ги разбрала таквите очи,и не ги сфатила пораките од погледите блудни,и никога..

Автор:

210 ден 300 ден

Госпоѓицата

Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста.Деј..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: tolku dolgo patuvanje, rohinton mistri