„Трафикант“ е топла и потресна приказна за необичното пријателство меѓу младиот Франц Хухел и професорот Сигмунд Фројд во месеците пред почетокот на Втората светска војна. Франц се доселува во главниот град на Австрија и наоѓа работа во една од виенските трафики. Фасциниран од привлечноста на новиот живот во големиот град, младичот истовремено се соочува и со сè посилниот замав на нацизмот.
Зеталер мајсторски ја опишува Виена во 1937 година, оживувајќи ги сцените од градскиот живот и внесувајќи цела галерија незаборавни споредни ликови. Токму преку приказните за овие навидум неважни, споредни луѓе зафатени од вителот на историјата, Зеталер вешто ја испишува својата критика на национализмот и својата пофалба на храброста на сите оние што имале сила да му се спротивстават.
„’Трафикант’ е прекрасна и трогателна приказна за младоста во мрачни времиња, приказна за мудроста, храброста и непокорноста пред злото. Прекрасно дело кое сосема заслужено ги добива пофалбите од критиката и симпатиите на читателите низ светот.“ - Дејли мејл
„Роберт Зеталер брилијантно ги преплетува трагедијата и хуморот во драматичен горчливо-сладок приказ на судирот меѓу младешките идеали и безмилосната реалност.“ - Гардијан
„Со голема леснотија и прецизност Зеталер успева да опише како созревањето и стекнувањето мудрост го збогатуваат, но исто така и го усложнуваат животот.“ - Шпигел
Трафикант
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Роберт Зеталер
- Достапност: На залиха
- 290 ден
-
203 ден
-
- 1 или повеќе 203 ден
Слични продукти
Собрани раскази
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во тво..
525 ден 700 ден
Нека играат децата
„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..
225 ден 300 ден
Три нови драми
Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има по..
256 ден 320 ден
Ознаки: trafikant, robert zetaler
