„Татковина“ е приказна за две семејства што живеат во едно мало баскиско село во близина на Сан Себастијан. Нивното долгогодишно блиско пријателство ќе биде загрозено со порастот на национализмот, а потоа и целосно распарчено со појавата на паравоената организација ЕТА. Низ панорамски приказ што опфаќа повеќе од три децении, овој потресен и длабок роман зборува за осцилациите меѓу љубовта и омразата и за мачниот пат до прифаќањето на себеси.
Со објавувањето на „Татковина“ во 2016 година, Фернандо Арамбуру станува еден од најнаградуваните и најпреведуваните шпански автори. Во 2020 година романот е екранизиран во успешна телевизиска серија.
„Одамна не сум прочитал толку уверлива и потресна книга, толку мудро напишана… ‘Татковина’ е врвно книжевно дело, а воедно и елоквентно сведоштво на историската стварност.“ - Марио Варгас Љоса, „Ел паис“
„Исклучително моќно дело… чија структурна и емоционална сложеност нè потсетува колку неодолива, сеопфатна и силна може да биде книжевноста.“ - Ди цајт
„Арамбуру нè поттикнува да размислуваме за горчливите поделби со кои живееме и за можностите за помирување.“ - Сандеј тајмс
Татковина
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Фернандо Арамбуру
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
343 ден
-
- 1 или повеќе 343 ден
Слични продукти
Шагринска кожа
"Шагринска кожа" е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фант..
245 ден 350 ден
Писател по вокација
Додека писателот го создава романот, и романот го создава него. Дали добриот романсиер може да ..
320 ден 400 ден
А Бабукар одеше на чело
„А Бабукар одеше на чело“ е современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африк..
182 ден 260 ден
Џабе живиш у Скопје
„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсур..
200 ден 250 ден
Ознаки: tatkovina, fernando aramburu
