Во „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја следиме Јонг-хе, млада жена која, измачувана од еден кошмар, решава да престане да јаде месо. Оваа, навидум мала одлука ќе има огромни последици и целосно ќе го пресврти животот на Јонг-хе, доведувајќи ја во неочекувани конфликти со сите блиски луѓе од кои очекува поддршка.
„Вегетаријанка“ е искрен, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. Приказната за Јонг-хе е алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза.
„Алегорија, телесни преобразби, секојдневна битка за преживување – како да не помислиме на Кафка додека го читаме овој прекрасен, субверзивен роман? ’Метаморфоза‘, ’Уметник во гладување‘ и дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ ’Вегетаријанка‘.“ - Њујорк Тајмс
„Сензуален, провокативен, жесток, преполн со моќни слики, зачудувачки бои и вознемирувачки прашања – реченица по реченица, ’Вегетаријанка‘ е исклучително книжевно искуство.“ - Гардијан
„Неверојатен и трогателен роман кој на нашата брутална секојдневна реалност одговара со зачудувачки разумни постхумани фантазии.“ - Тајмс
Слични продукти
Чат-пат е добро да се читне некоја книга
Несекојдневно, чудесно, интересно и бескомпромисно – поезија на револуцијата.Самиот наслов зборува о..
380 ден
Ние децата од железничката станица "ЗОО"
Ова е опседнувачката, вистинска приказна на Кристијане Вера Ф. ‒ ќерка, сестра, ученичка и вообичаен..
500 ден
Цел живот
Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напу..
260 ден
Образована
Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докт..
500 ден
Ознаки: vegetarijanka, han kang
